Обвинителството поднесе обвинение против две лица од ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и финансиски злоупотреби. Се работи за поранешниот в.д. директор Сабахадин Рустеми и менаџерот за отпад, кои се сомничат дека како соизвршители, преку несобирање и неконтролирано управување со отпадот во Скопје, предизвикале ризик по здравјето на граѓаните и штета врз природата.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оцени дека дејствијата биле политички мотивирани, но со реални последици по граѓаните, истакнувајќи и низа финансиски злоупотреби, како што се превисоки трошоци за замена на делови на возила и исплаќање плати на лица кои не биле присутни.
Обвинителството предложи за поранешниот директор Рустеми притворот да се замени со мерка задолжително јавување, додека обвинетиот кој сè уште работи во претпријатието да биде суспендиран додека трае истражната постапка и евентуално судската постапка.
















