Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере в.д. државен јавен обвинител, бидејќи на итната седница не присуствувал еден од членовите. Од Советот истакнуваат дека отсуството било оправдано. Поради тоа, седницата, која требаше да се одржи на 18.12.2025 во 11 часот, е одложена за 22.12.2025, во 11 часот.
Изборот на в.д. државен јавен обвинител беше итен по оставката на досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој ја поднесе неотповикливата оставка во Собранието истовремено со предлогот за негово разрешување од Владата.
До изборот на нов обвинител, функцијата ја извршува вршител на должност, кој се избира од редот на републичките обвинители и го назначува Советот на јавни обвинители. Собранието во најкус рок треба да распише оглас за избор на нов државен обвинител.
















