ПРВ.мк
Топ Вести

ОПАСНА ПОРАКА: Русите се заканија на банкарскиот сектор во Европа - еве што ги очекува!

ОПАСНА ПОРАКА: Русите се заканија на банкарскиот сектор во Европа - еве што ги очекува!
Kristal

Русија најави дека ќе поднесе тужби против европските банки за надомест на штета поради обидите за користење на нејзините замрзнати средства. Централната банка на Русија соопшти дека ќе бара компензација во руски арбитражен суд за загубите предизвикани од „нелегално блокирање и користење“ на средствата, вклучувајќи изгубен приход.

Поголемиот дел од замрзнатите руски средства се чуваат на сметките на белгискиот депозитар Euroclear, кој на крајот на септември имал биланс од 227 милијарди евра, од кои 193 милијарди евра се „поврзани со санкционирани руски средства“. Русија веќе поднела тужба против Euroclear, барајќи исплата од 18,1 билиони рубљи (околу 192,2 милијарди евра).

Дополнително, околу 18 милијарди евра се чуваат на сметки во француски приватни банки, неколку милиони во германски банки и десетици илјади евра во банки во Шведска, Кипар и Луксембург. Околу седум милијарди евра се чуваат и во приватни банки во Белгија, според извори на „Фајненшл тајмс“.

Со ова, Русија се обидува да обезбеди финансиска компензација за средствата што беа замрзнати по воведените санкции и плановите на Европската Унија за нивно користење.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape