ПРВ.мк
Македонија

НОВ ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ: Се гради новиот кружен тек на Северен Булевар со поддршка од Лидл

НОВ ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ: Се гради новиот кружен тек на Северен Булевар со поддршка од Лидл

Продолжуваат интензивните градежни работи на новиот кружен тек на Северен Булевар. Овој значаен инфраструктурен проект се реализира со заеднички сили, а посебна благодарност се упатува до компанијата Лидл за нивната донација и поддршка во неговата изведба.

Целта на овој проект е создавање на модерна, функционална и пред сè безбедна урбана средина за сите учесници во сообраќајот.

Клучни придобивки од новиот кружен тек:

  • Побрз сообраќај: Значително подобрување на сообраќајниот проток и намалување на метежот.
  • Поголема безбедност: Поголема заштита за возачите и пешаците на оваа фреквентна делница.
  • Подобра поврзаност: Полесно и поефикасно движење за сите граѓани.

„Продолжуваме со континуирани инвестиции во инфраструктурата – со цел да овозможиме подобро и поквалитетно секојдневие за сите граѓани!“