ПРВ.мк
Македонија

Реакции на социјалните мрежи: „Откако се дозна дека ‘Безбеден град’ не реагира на мотори, сѐ се врати по старо!

Реакции на социјалните мрежи: „Откако се дозна дека ‘Безбеден град’ не реагира на мотори, сѐ се врати по старо!

Објава на платформата X (поранешен Твитер) повторно ја отвори дебатата за сообраќајната безбедност во Скопје и функционирањето на системот „Безбеден град“.

Во вирален пост се наведува дека, откако се појавиле информации дека системот не ги регистрира прекршоците направени од моторцикли, состојбата на улиците значително се влошила. Граѓани тврдат дека низ главните сообраќајници во градот сѐ почесто се забележува опасно возење на мотори.

„Откако се дозна дека ‘Безбеден град’ не реагира на мотори, сѐ се врати по старо. На секои неколку минути по некој мотор дивее на Васил Ѓорѓов, Гологанов и Народен фронт“, стои во една од објавите што се шират на мрежата.

Под објавата се јавија бројни реакции од граѓани кои сметаат дека проблемот не е ограничен само на моторциклистите, туку и на возачи на автомобили кои, според нив, ги користат „слепите точки“ во системот за надзор.

„Освен моторите, и автомобилите веќе знаат каде нема камери, па таму возат со преголема брзина“, наведува еден од коментарите.

Дебатата повторно ја отвора темата за ефективноста на автоматизираните системи за сообраќајна контрола и потребата од поширока примена и надзор во реално време.