Во 2026 година, граѓаните на Република Северна Македонија ќе имаат вкупно 7 продолжени викенди, додека граѓаните од православна вероисповед ќе имаат дополнително уште 3, односно вкупно 10 продолжени викенди. Еве комплетниот календар по категории:
За сите граѓани на РСМ
- 1 јануари (четврток) – Нова Година
- 7 јануари (среда) – Божик (првиот ден на православниот Божик)
- 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (првиот ден)
- 13 април (понеделник) – Велигден (вториот ден)
- 1 мај (петок) – Ден на трудот
- 24 мај (недела) – „Св. Кирил и Методиј“, неработен ден 25 мај (понеделник)
- 2 август (недела) – Ден на Републиката, неработен ден 3 август (понеделник)
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста
- 11 октомври (недела) – Ден на народното востание, неработен ден 12 октомври (понеделник)
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (вторник) – Бадник
- 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
- 10 април (петок) – Велики Петок
- 29 мај (петок) – Духовден
- 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 6 април (понеделник) – Велигден (вториот ден)
- 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
- 25 декември (петок) – Божик (првиот ден)
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам (првиот ден)
За граѓаните од албанската заедница
- 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука
За граѓаните од српската заедница
- 27 јануари (вторник) – Свети Сава
За граѓаните од ромската заедница
- 8 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните од влашката заедница
- 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите
За граѓаните од еврејската заедница
- 21 септември (понеделник) – Јом Кипур (првиот ден)
За граѓаните од бошњачката заедница
- 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните од турската заедница
- 21 декември (понеделник) – Ден на наставата на турски јазик
















