ПРВ.мк
Балкан

ЛУКСУЗНИОТ ПРОЕКТ „ТРАМП“ НЕ СЕ ОСТВАРИ: Вучиќ изрази големо разочарување пред медиумите - каков ќе биде одговорот на Трамп?

ЛУКСУЗНИОТ ПРОЕКТ „ТРАМП“ НЕ СЕ ОСТВАРИ: Вучиќ изрази големо разочарување пред медиумите  - каков ќе биде одговорот на Трамп?
Kristal

Инвестицијата за изградба на луксузен хотел и резиденцијален комплекс под брендот „Трамп“ во центарот на Белград, вредна 750 милиони евра, пропадна откако Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се повлече од проектот, потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.

Проектот беше планиран на локацијата на зградата на поранешниот Генералштаб, објект кој беше бомбардиран за време на НАТО-интервенцијата во 1999 година, и требаше да вклучува луксузен хотел и резиденцијален комплекс со брендот „Трамп“.

– „Ова е неверојатно сериозна и лоша вест“, изјави Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека повлекувањето на инвеститорот претставува голем удар за Србија.

Повлекувањето на Кушнер претходно го објавија „Волстрит Џурнал“ и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на портпароли на неговата инвестициска компанија „Афинити Партнерс“.

Проектот предвидуваше уривање на оштетената зграда на поранешното Министерство за одбрана и Генералштабот на Југословенската армија, што предизвика протести во Србија и дополнително ја зголеми политичката напнатост во земјата.

Одлуката на Кушнер дојде само неколку часа по поднесувањето на обвинение за фалсификување против министерот за правда Никола Селаковиќ, близок соработник на Вучиќ, од страна на српските антикорупциски обвинители. Според обвинението, било фалсификувано одобрението за отстранување на статусот на објектот како културен споменик, пренесува ДПА.

Вучиќ реагираше со обвинување дека демонстрантите ја поттикнале одлуката на инвеститорот и дека со своите постапки ѝ нанесуваат штета на Србија. Тој најави дека ќе покрене судска постапка против обвинителите кои поднеле обвинение против Селаковиќ и другите функционери, тврдејќи дека со тоа државата претрпела „огромна штета“.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape