Косовската полиција соопшти дека денеска попладне добила дојава за сомнителна експлозивна направа на Автобуската станица во Приштина, пренесува „Коха“.
Портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Енис Плана, изјави дека полицијата веднаш по примањето на информацијата ги презела сите неопходни безбедносни мерки во тој реон.
„Ангажирани се надлежните единици со цел да се провери информацијата“, изјави тој.
Во текот на изминатите месеци беа забележани повеќе лажни дојави за бомби на неколку локации.










