Полицијата во Кочани постапува по пријава за можно семејно насилство, откако 10-годишно девојче му се доверило на својот дедо дека подолг период било изложено на психичко и физичко малтретирање од татко ѝ.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 18:00 часот во ОВР Кочани од страна на дедото на девојчето.
Тој изјавил дека неговата внука му кажала дека поради ваквиот однос не сака да се врати да живее со своите родители.
Од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на фактите.









