ПРВ.мк
Економија

Црн ден во Скопје: Мотоциклист (19) загина во судир со автомобил

Црн ден во Скопје: Мотоциклист (19) загина во судир со автомобил

Тешка сообраќајна несреќа денеска го одзеде животот на 19-годишен мотоциклист на улицата „Радишанска“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 12:12 часот. Во судирот учествувале патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски таблички, управувано од 46-годишниот С.Б., и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал Н.М. (19) од скопско.

Од здобиените повреди младиот мотоциклист починал на местото на несреќата.

Надлежните служби извршиле увид, а истрагата треба да ги утврди причините и околностите под кои се случила трагичната сообраќајна несреќа.