ПРВ.мк
Балкан

 Ѝ ПРИШОЛ НА ЖЕНАТА ОД ГРБ И ЈА ПОВЛЕКОЛ ЗА ВРАТОТ: 19-годишник крадел ланчиња од жени!

 Ѝ ПРИШОЛ НА ЖЕНАТА ОД ГРБ И ЈА ПОВЛЕКОЛ ЗА ВРАТОТ: 19-годишник крадел ланчиња од жени!

С. Р. (19) од околината на Нови Сад е уапсен поради сомнение дека извршил девет тешки кражби така што на граѓаните им кинел синџирчиња од вратот, а на социјалните мрежи се појави и шокантна снимка од еден од неговите грабежи.

Како што јасно се гледа на објавената снимка која предизвика големи реакции, една жена мирно чекала лифт во зграда. Во тој момент, зад нејзиниот грб се појавил осомничениот тинејџер, влегол во зградата и ѝ го повлекол синџирчето од вратот.

Сепак, храбрата жена во истиот момент се свртела и цврсто го фатила, не дозволувајќи му да побегне. За да се одбрани од напаѓачот, таа го удрила неколку пати, а потоа го изгуркала надвор од зградата, по што крадецот бил принуден да побегне.

Се борел со жртвата, па тргнал и на полицијата

Откако вчера беше соопштено дека овој тинејџер е лоциран и уапсен, откриени се и нови детали од апсењето. Како што се дознава, момчето за време на приведувањето се борело со полицијата.

Тоа најпрво се обидело да им побегне на припадниците на МВР, а кога тоа не му успеало, удрил полицаец со нога и му нанесол телесни повреди.

Спроведен во Воспитно-поправен дом

Против осомничениот С. Р. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство во редовна постапка. Сепак, тој не останал на слобода – тинејџерот веднаш е спроведен во Воспитно-поправниот дом во Крушевац, каде што ќе ја издржува претходно изречената казна.