ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРАВДАТА ПРЕСЕЧЕ: Американецот што ја уби Србинката доби казна - еве што го чека!

ПРАВДАТА ПРЕСЕЧЕ: Американецот што ја уби Србинката доби казна -  еве што го чека!
Kristal

Брајан Волш (50) од Бостон доби доживотен затвор без можност за условна слобода за убиството на неговата сопруга Ана Волш (39), родена во Белград. Ана исчезна пред речиси три години, а нејзиното тело никогаш не е пронајдено.

Судската одлука следуваше по осумдневно судење и пет часа расправа на поротата, која го прогласи Волш за виновен за убиство од прв степен, објави „Вашингтон пост“.

Според обвинението, Волш ја убил Ана во јануари 2023 година, а потоа го распарчил телото и се обидел да го уништи преку контејнери за рециклирање. Пред судењето, тој се изјасни за виновен за попречување на полициска истрага и нелегално преместување на телото.

Минатата година, Волш исто така беше осуден на 37 месеци затвор за продажба на фалсификувани уметнички дела од Енди Ворхол.

Одбраната на Волш, предводена од адвокатот Лари Типтон, тврдела дека мажот ја пронашол Ана мртва во нивната спална соба на новогодишната ноќ и во паника се обидел самиот да се ослободи од телото. Сепак, поротата не прифати ова објаснување, особено поради докази од таблетот на нивниот син, каде што Волш барал информации за тоа како да го распарчи и уништи телото.

Истражителите наведоа дека еден од мотивите за убиството била полисата за животно осигурување на Ана, вредна 2,7 милиони долари, која Брајан можел единствено да ја користи. Тој имал потреба од средства поради невработеност и долг од половина милион долари во друг судски случај.

Дополнително, истрагата откри дека Волш и неговата мајка, Дајана, ангажирале приватен детектив за да истражи дали Ана имала афера.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape