Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, истакна дека откупот на тутун во 2025 година се одвива без проблеми, со вкупно откупени околу 15 милиони килограми, а просечната откупна цена изнесува 419,84 денари/кг, за речиси 20 денари повеќе од минатата година.
Трипуновски посочи дека, ако продолжи ваквата динамика, откупот ќе заврши до крајот на годината. Тој оцени дека 2025 година е многу успешна за земјоделството, наведувајќи го растот на откупот и продажбата на земјоделски производи:
- 2-то тримесечие: 3,6 милијарди денари (раст од 24,6% споредено со 2024 година)
- 3-то тримесечје: 5,2 милијарди денари (раст од 12% или 10,4% споредено со 2024 година)
Министерот истакна и позитивни трендови во извозот на земјоделски производи:
- Извоз на храна: раст од 5,5%
- Извоз на пијалоци и тутун: раст од 30%
Трипуновски додаде дека се реализирани важни законски решенија, јавни повици за прераспределба на земјоделско земјиште и ловишта, како и активности за изградба на откупни центри и системи за наводнување, кои ќе започнат со реална изградба во 2026 година.
















