ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА: Се урна авионот на познат NASCAR возач - ова е бројот на загинати!

(ВИДЕО) АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА: Се урна авионот на познат NASCAR возач - ова е бројот на загинати!
Kristal

Мал авион, сопственост на пензионираниот NASCAR возач Грег Бифл, се урнал и се запалил денеска при обид за слетување на регионалниот аеродром Статсвил, Северна Каролина.

Според првичните информации, загинале неколку лица, но засега нема официјална потврда дали Бифл бил меѓу патниците. Регионалниот аеродром соопшти дека несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време и дека на местото на настанот се упатиле службеници од Федералната управа за цивилно воздухопловство.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ќе ја води истрагата за причините за несреќата. Авионот Cessna C550 полетал од аеродромот, но пилотот се обидел да изврши маневар за слетување кога дошло до инцидентот.

Грег Бифл, кој следната недела ќе наполни 56 години, за време на 20-годишната кариера освоил 19 трки од Куп серијата. Негова последна трка на патеката Талаџеги била Geico 500 во 2022 година, а во 2023 година беше прогласен за еден од 75-те најславни NASCAR возачи.

Покрај автомобилите, Бифл поседува и хеликоптер, кој го користел за спасувачки акции во западна Северна Каролина по ураганот Хелена во септември 2024 година.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape