ПРВ.мк
Топ Вести

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не наседнувајте на сомнителни совети за енергија - еве на што треба да внимавате!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не наседнувајте на сомнителни совети за енергија - еве на што треба да внимавате!
Kristal

Многу компании денес се фалат дека спроведуваат енергетска транзиција, користат „зелена енергија“ и зголемуваат енергетска ефикасност. Некои дури на своите веб-страници даваат совети за штедење енергија, иако нивната основна дејност е сосема поинаква. Целта е маркетинг, но не секогаш се точни информациите, што може да доведе до заблуда кај граѓаните.

Енергијата, особено електричната, е основа за модерен живот – од осветлување, уреди и телефони, до фрижидери и автомобили. Но, поголемиот дел од енергијата се произведува со согорување на фосилни горива, што создава јаглерод-диоксид (CO₂) и придонесува за глобалното затоплување.

Енергетската транзиција значи премин кон обновливи извори и зголемена енергетска ефикасност. Штедењето на енергија не е исто што и енергетската ефикасност – пример: замена на стара светилка со LED ја зголемува ефикасноста, но ако новата светилка се остава постојано вклучена, вистинска заштеда нема.

Во Македонија постои Закон за енергетска ефикасност (2020) и Национален акциски план (2021), но спроведувањето е слабо, што ја намалува можноста за реална заштеда.

Неколку примери на некоректни совети:

  • „Изолираниот ѕид штеди 30% од енергијата.“ – зависи од дебелината и видот на изолацијата.
  • „Замрзнувачот на 0°C е оптимален.“ – на оваа температура храната се одмрзнува.
  • „Клима А класа троши 45 kWh месечно за еден час дневно.“ – неточно, може да ја збуни јавноста.
  • „Оптимална температура: 24,5°C лето и 22°C зима.“ – овие температури се комфорни, но не значат заштеда.
  • „Бојлер на 120°F штеди енергија.“ – не е коректен пренос од странски сајт (Фаренхајт).
  • „Намалување на температурата за 1°C заштедува 10%.“ – во грејната сезона внатрешната температура не е 23°C.
  • „Машини за миење и перење користете после 22 часот.“ – штеди пари поради поевтина тарифа, но не е заштеда на енергија.

Сите овие примери покажуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни кон изворите на информациите и да проверуваат дали се стручни и релевантни.

Како вистински да се штеди енергија:

  • Научи основни поими: видови енергија, топлотен пренос, енергетска опрема и нејзин принцип на работа.
  • Придржувај се на стручни совети и правилно користи уреди.
  • Со вистинско штедење, се намалува потрошувачката на горива и електрична енергија, што е корист за корисникот и за државата, а се намалуваат и емисиите на стакленички гасови.

За подетални информации и практични совети, може да се консултира книгата „Енергија – Како да се заштеди“ од Ристо Цицонков, која содржи 130 практични совети за штедење на енергија.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape