ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Поранешниот фудбалски репрезентативец убиен - полицијата открила страшни детали!

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Поранешниот фудбалски репрезентативец убиен - полицијата открила страшни детали!
Kristal

Поранешниот еквадорски фудбалски репрезентативец, Марио Пинеида (33), бил убиен во средата во пристанишниот град Гвајакил, соопшти неговиот клуб Барселона СЦ.

Пинеида настапи за Еквадор на квалификациите за Светското првенство 2018 и 2022, а ја освои титулата во еквадорското првенство со Барселона во 2016 година. Тој исто така го носеше дресот на бразилскиот клуб Флуминенсе.

Според Министерството за внатрешни работи на Еквадор, Пинеида бил застрелан од две лица на мотоцикл. Во инцидентот била повредена и неговата мајка, како и уште една жена, чии повреди се непознати. Специјална полициска единица работи на расветлување на случајот.

Локалните медиуми истакнуваат дека Еквадор се соочува со зголемено насилство поради борбата на банди поврзани со мексикански и колумбиски картели за контрола врз трговијата со дрога.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape