На 15 и 16 декември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода седум лица на возраст од 19 до 40 години, од Скопје и Охрид.
При претрес на различни локации, кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите, против осомничените ќе следуваат соодветни кривични пријави.
















