Денеска во село Кучевиште избувнал пожар кој целосно ја опожарил фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ, оставајќи ги сите членови без кров над глава. Огнената стихија уништи сè, а семејството сега се соочува со тешка и неодложна потреба од помош.
Во јавен апел, граѓаните повикуваат на солидарност и помош кон настраданите. Секој вид поддршка – материјална или финансиска – е добредојдена, особено во овие студени денови, за семејството да може да обезбеди привремен дом и да ја преброди кризата.
За сите кои сакаат да помогнат, контакт лице е Раде на бројот: 075 330 478.
Целта на апелот е брзо собирање на средства и поддршка, за семејството Нешковиќ да може што поскоро да има привремен покрив над глава и да се справи со последиците од пожарот.

















