ПРВ.мк
Свет

СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ХЕРОЈСТВО: Со голи раце го спречи терористот – сега доби повеќе од милион долари!

СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ХЕРОЈСТВО: Со голи раце го спречи терористот – сега доби повеќе од милион долари!
Kristal

Светот му оддаде почит на Ахмед ал Ахмед (43), човекот кој ризикувајќи го својот живот, спречи поголема трагедија за време на нападот на плажата Бонди во Сиднеј. Додека се опоравува во болница од прострелните рани, донациите за него надминаа 1,1 милион австралиски долари (околу 744.000 американски долари).

Ахмед, продавач на овошје и зеленчук и татко на две деца, стана симбол на храброста. За време на прославата на еврејскиот празник Ханука, додека напаѓачите пукале кон толпата, тој не побегнал.

Според сведоштвата и видео снимките, Ахмед првично се криел зад паркирани автомобили, но потоа се нафрлил на еден од напаѓачите, го соборил на земја и му го одзел оружјето. Во таа борба бил застрелан двапати – во дланката и во раката – од вториот терорист, но неговиот храбар потег спасил многу животи.

FixCredit
Escape