СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на 55 години од Охрид поради сомнение за кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според пријавата, осомничениот на имот во државна сопственост, лоциран близу течението на реката Грашница во Охрид, без одобрение и спротивно на Законот за градба, изградил објект за лични потреби.
Против него ќе следи натамошна постапка пред Основното јавно обвинителство.
















