ПРВ.мк
Магазин

ВРЕМЕТО УТРЕ: Дали сонцето ќе пробие или облаците ќе доминираат?

ВРЕМЕТО УТРЕ:  Дали сонцето ќе пробие или облаците ќе доминираат?
Kristal

Утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви интервали. Во некои котлини претпладне се очекува појава на магла. Ветерот ќе биде слаб и променлив, соопшти УХМР.

Минималните температури ќе се движат од -5 до -1 степен, додека максималните ќе достигнат од 6 до 13 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Претпладне магла ќе се јави во одредени делови од котлината. Температурите ќе се движат од -4 до 6 степени.

До понеделник времето ќе остане стабилно и претежно мирно, со можност за магла и зголемена облачност на одредени места. Во вторник се очекуваат локални дождови.

FixCredit
Escape