Мача колаген е функционален напиток кој ја спојува моќта на јапонската зелена мача и високо-квалитетниот колаген тип 1. Оваа уникатна 2-во-1 формула обезбедува силна антиоксидантска заштита, подобар фокус и долготрајна енергија, додека истовремено ја поддржува еластичноста, хидратацијата и младоликиот изглед на кожата.
Антиоксидантите од мачата го штитат телото од оксидативен стрес, еден од главните фактори за забрзано стареење, додека колагенот ја поддржува структурата и еластичноста на кожата.
Ако веќе сте запознаени со придобивките на мачата, Мача колагенот ќе ве изненади уште повеќе, токму затоа што двата елемента заедно делуваат поефикасно отколку одделно. Овој иновативен напиток од Натура терапи има двоен анти-ејџ ефект: ја поддржува еластичноста и свежината на кожата, а истовремено обезбедува долготрајна енергија. Корисниците добиваат подобрен фокус и ментална јасност, што овозможува поголема продуктивност во текот на денот.
Колагенот, пак, помага во одржувањето на младолики изглед, здрава кожа, коса и нокти, како и поддршка за зглобовите и мускулите. Комбинацијата на овие два моќни елементи го прави Мача Колагенот идеален избор за сите кои сакаат да инвестираат во своето долгорочно здравје, убавина и благосостојба, и да се чувствуваат здрави, фокусирани и самоуверено.
“Овој производ е континуитет на вековната традиција од Јапонија и Азија – пиењето мача чај за долговечност. Се работи за резултат на бројни научни истражувања поврзани со стареењето, со цел да се создаде најмоќната анти-ејџ формула. Во МАЧА КОЛАГЕН јас поивме силната антиоксидантска моќ на зелената мача со клучната функција на колагенот, за да постигнеме најголемо и ефективно одржување на здравјето, младоста и виталноста. Корисниците добиваат силен анти-ејџ ефект, полесно движење без болки, поубава и затегната кожа, повеќе енергија, намален стрес и замор, смирување, појасна мисла, фокус и концентрација. А на сите овие придобивки ќе додадеме и посилна крв и почисто тело.“
– истакнува нутриционистот Сашко Дрвошански.
Според него, станува збор за единствена 2-во-1 формула за подмладување, производ каков што не е на пазарот.
Главната предност доаѓа од специјално одгледуваната и обработена зелена мача. За разлика од обичниот зелен чај, одгледувањето и подготовката на зелената мача овозможува концентрирање на уникатните полифеноли, за кои науката откри дека се едни од најсилните антиоксиданси во природата. Со зелената мача се добива најсилна антиоксидантска заштита и се спречува оштетување и стареење на клетките во телото. Формулата содржи и врвен колаген тип 1, најзастапениот и најпотребниот во човечкиот организам, во форма на кратки пептиди – кои гарантираат сигурна и брза апсорпција.
Зелената мача е одличен извор и на природен кофеин и на таурин што прават да ја подобриме и одржиме енергијата, фокусот и издржливоста на телото. МАЧА КОЛАГЕН е одлична, поздрава замена за кафе, со свеж и лесен вкус. Може да биде и дел од вашиот појадок, смуди, чиа пудинг или овесна каша.
Содржи и Л-Теанин и магнезиум, кои го намалуваат стресот и заморот на организмот, помагаат да се релаксираме и подобро да ни работи мозокот, како и хлорофил, за подобар квалитет на крвта, поголемо снабдување на клетките со кислород, и детоксикација на телото. МАЧА КОЛАГЕН не е само тренд, тоа е природен напиток со огромна функционална вредност.
















