Млада скопјанка пријавила во полиција дека била нападната по недоразбирање во сообраќајот, при што нејзиното возило исто така било оштетено.
Според информациите од МВР, инцидентот бил пријавен на 10.12.2025 во 22:30 часот, кога Д.П. (19) од Скопје соопштила дека околу 17:40 часот, на подрачјето на Центар, по кратка расправија во сообраќајот, едно лице со велосипед ѝ го оштетило возилото, а потоа и физички ја нападнало.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое го извршило нападот.
















