Полициски службеници од ОВР Делчево на 10 декември 2025 година, околу 17:40 часот, привеле 16-годишен малолетник и 27-годишниот А.М. од Македонска Каменица, по драматична интервенција на локација позната како „Горен водопад“ на реката Каменичка.
Според полицискиот извештај, при забележување на службените лица, малолетникот фрлил кеса и се дал во бегство, но бил веднаш спречен и приведен. На теренот биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка, кои биле одземени како доказен материјал.
Со судска наредба, а во присуство на неговиот татко, бил извршен претрес и во домот на малолетникот, каде што доброволно предал пакување со два цвета канабис.
Полицијата го документира случајот, а по завршување на сите постапки ќе биде поднесена соодветна пријава до јавниот обвинител.
















