Венчавка во православен храм стана вистински „вирален“ на социјалните мрежи, но за жал не поради радоста и убавината на моментот, туку поради недоличното однесување на еден млад човек присутен на церемонијата.
Младиот човек го прекрши секој етикет и традиција – се појави во црква облечен во шорцеви и маица, игнорирајќи ги младенците, обичаите и религиозниот контекст.
Но најшокантниот момент беше кога тој удри по главата на младоженецот, предизвикувајќи паѓање на неговата круна. Овој инцидент го засени целиот ден на свадбата и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде луѓето масовно го осудија неговото однесување.

















