На автопатот А5 кај Торино, Италија, се случи трагична несреќа кога комбе удри во автомобил во кој мајката ја возела двомесечната беба. По ударот, седиштето со бебето излетало од автомобилот и врз него прешло друго возило.
Возачот на комбе-то е идентификуван како вработен во една фирма од Торино. Полицијата го лоцирала преку камери и искази на други возачи. Тој ги негира обвинувањата и ја оспорува досегашната реконструкција на несреќата.
Според првичната истрага, комбе-то го удрило автомобилот на мајката, по што седиштето со бебето излетало на патот. Возачот на комбе-то кратко застанал, но потоа побегнал без да помогне. Во тој момент, друго возило прегазило седиште со детето, а возачот се оддалечил, веројатно несвесен за случката.
Истражителите проверуваат дали седиштето било правилно прикачено и што предизвикало да излети од автомобилот. Мајката на детето ја преживеала несреќата.
За сега, делото е квалификувано како тешко убиство од небрежност со бегство од местото на несреќата.

















