Британските медиуми, меѓу кои и BBC, објавија дека донорска сперма со генетска мутација која драстично го зголемува ризикот од рак била користена за зачнување на најмалку 197 деца во Европа, вклучувајќи и Македонија.
Донорот, кој не бил свесен дека носи опасна мутација TP53 поврзана со Ли-Фраумени синдром – сериозна наследна предиспозиција за рак, станал татко на децата во период од 2005 до 2022 година. Некои од децата веќе починале, а мнозинството кои ја наследиле мутацијата имаат висок ризик од развој на малигни заболувања.
Данската Европска банка за сперма, која ја дистрибуирала сперматозоидната течност, изрази сочувство до погодените семејства и потврди дека сперма била испратена во повеќе земји, меѓу кои и Македонија, Србија, Ирска, Исланд, Шпанија, Грузија, Грција, Германија, Албанија и Унгарија.
Случајот бил откриен откако две семејства, чија деца заболеле од рак, независно контактирале клиники за вантелесна оплодба. Потоа истрагата покажала дека 23 деца ја наследиле мутацијата, вклучувајќи случаи на леукемија и Хочкинова болест.
Македонските власти засега немаат официјален договор со Данската банка за сперма, иако бил планиран, но неговата реализација постојано се одлагала.

















