ПРВ.мк
Македонија

Сиљановска–Давкова: „Тие се опасни и за нас“

Сиљановска–Давкова: „Тие се опасни и за нас“
Kristal

Претседателката Гордана Сиљановска–Давкова изјави дека нема никакви информации дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија, но јасно порача дека е против такво сценарио.

„Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата – такво нешто воопшто не се планира. Но мојот став е јасен: ако станува збор за лица кои се опасни за Британија, тие се опасни и за нас“, рече Сиљановска–Давкова.

Таа нагласи дека државата мора внимателно да ги штити безбедносните интереси и дека Македонија нема обврска да презема ризични групи лица од други земји.

Во меѓувреме, опозициските структури бараат јавно потврдување дека земјава нема да прифаќа мигранти, додека Владата уверува дека Договорот со Британија се однесува на економија, инвестиции и безбедносна соработка – а не на бегалци.

FixCredit
Atensa 300
Escape