Со воведни зборови на одбраната на обвинетите, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување и екс министри за економија, продолжи судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Одбраната тврди дека нема релевантни докази за обвинувањата против нив. Поранешниот директор Шабан Салиу изјави дека обвинението е политички мотивирано.
Адвокатите на екс министрите за економија, Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, нагласуваат дека министерството проверувало само формални услови – дали е поднесена потребната документација, но не и материјалните услови на терен. Тие негираа каква било поврзаност со пожарот во „Пулс“.
Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а рочиштето се одвива под засилени безбедносни мерки во КПУ Идризово. Следното рочиште е закажано за утре.

















