Во 2026-та година граѓаните на Северна Македонија ќе имаат прилика да уживаат во 7 до 10 продолжени викенди, во зависност од верската и етничката припадност. Тоа значи повеќе време за одмор, патувања, семејство или едноставно за релаксација.
За сите граѓани на РСМ, неработните денови се:
- 1 јануари (четврток) – Нова Година
- 7 јануари (среда) – Божик, првиот ден според православниот календар
- 20 март (петок) – Рамазан Бајрам, првиот ден
- 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден според православниот календар
- 1 мај (петок) – Ден на трудот
- 24 мај (недела) – „Св. Кирил и Методиј“, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден
- 2 август (недела) – Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста
- 11 октомври (недела) – Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“
За граѓаните од православна вероисповед има дополнителни празници:
- 6 јануари (вторник) – Бадник
- 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
- 10 април (петок) – Велики Петок
- 29 мај (петок) – Духовден
- 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед:
- 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден
- 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
- 25 декември (петок) – Божик, првиот ден
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден
За граѓаните припадници на различни етнички заедници:
- Албанска заедница – 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
- Српска заедница – 27 јануари (вторник), Свети Сава
- Ромска заедница – 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
- Влашка заедница – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
- Еврејска заедница – 21 септември (понеделник), Јом Кипур
- Бошњачка заедница – 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
- Турска заедница – 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Овој календар е совршена можност да ги планирате своите одмори, патувања или едноставно денови за релаксација со семејството и пријателите. Продолжените викенди во 2026 година ветуваат многу моменти за уживање и одмор!

















