35-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил ограбен веднаш откако побарал помош при подигање пари од банкомат на подрачјето на Центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август околу 18:00 часот. Пријавителот навел дека околу 17:00 часот замолил непознато машко лице да му помогне при користење на банкомат.
Откако успешно ги подигнале парите, лицето, според пријавата, употребило сила, му ги одзело парите и побегнало од местото на настанот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.










