На 15.12.2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, во Подмоље, го лишија од слобода А.Ј. (52) од Скопје.
Возилото „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., било сопрено за контрола. При прегледот на товарниот дел, полицијата пронаоѓа 300 теписони и стази без соодветна документација, поради што веднаш е лишено од слобода лицето, а возилото и стоката се одземени.
Оваа акција е дел од редовните контроли на граничните и товарни возила, со цел спречување на нелегален транспорт на стока и обезбедување на соодветна документација за увоз и трговија.
















