ПРВ.мк
Македонија

Подобро водоснабдување за село Сопот со реконструкција на главната линија!

Подобро водоснабдување за село Сопот со реконструкција на главната линија!

Во село Сопот се реализира значаен инфраструктурен проект со кој се врши реконструкција на главната водоводна линија во вкупна должина од 4.900 метри. Проектот предвидува замена и модернизација на постојната мрежа со вградување на висококвалитетни дуктилни цевки Ф100, согласно сите технички стандарди и прописи.

Со оваа инвестиција значително се подобрува водоснабдувањето за домаќинствата, се зголемува сигурноста и стабилноста на системот и се намалуваат загубите на вода. Проектот претставува важен чекор кон модерна и поефикасна комунална инфраструктура во населеното место, со долгорочни придобивки за сите жители.

ВИДЕО