Полицијата известува дека наредните десет дена сообраќајот на магистралниот пат од Охрид кон Кичево ќе се одвива по привремен режим.
СВР Охрид соопшти дека промените важат за автопатската делница во изградба, меѓу селата Требеништа и Мешеишта во општина Дебрца. На овој патен потег, возилата ќе се движат наизменично по левата сообраќајна лента во правец кон Кичево.
Апелирано е до сите возачи да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сите поставени сообраќајни знаци и сигнализација.
















