Скопската зоолошка градина има нов вршител на должност директор.
Од денеска раководењето со ЗОО Скопје го презема Катерина Костова, откако досегашниот директор Зоран Попов си поднесе оставка.
Според достапните информации, Костова е именувана по избор на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Таа не е ново лице во установата – веќе подолг период е вработена во Скопската зоолошка градина и работи во правниот сектор.
















