Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Иран вечерва лансираше балистички ракети кон северниот дел на Израел, поради што беа активирани сирените за воздушна опасност во повеќе области, вклучувајќи го и крајбрежниот град Хаифа.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека навреме го детектирала лансирањето на проектилите и веднаш ги активирала системите за противвоздушна одбрана со цел пресретнување на заканата.
„Одбранбените системи дејствуваат за да ги пресретнат проектилите. До граѓаните во загрозените подрачја се испратени предупредувања преку мобилните телефони“, соопштија од ИДФ.
По нападот се огласи и израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој преку социјалните мрежи побара остар одговор кон Иран.
„Техеран вечерва мора да гори!“, напиша Бен-Гвир.
Според иранските власти, нападот бил одговор на претходни израелски акции во Бејрут. Во меѓувреме, ситуацијата останува исклучително напната, а регионот стравува од нова ескалација на конфликтот.








