Велика Британија воведе нов пакет санкции против Русија, насочен кон финансиски институции, компании и бродови за кои се смета дека помагаат во одржувањето на руската економија и воената индустрија.
Под рестриктивните мерки се најдоа 19 субјекти, меѓу кои шест руски банки, шест танкери од таканаречената „флота во сенка“ што се користат за транспорт на руска нафта со цел заобиколување на санкциите, како и четири компании кои увезуваат ретки метали потребни за производство на воена опрема.
Британските власти порачаа дека ќе продолжат со мерките против Кремљ сè додека не се создадат услови за праведен и траен мир во Украина.
Најавата за новите санкции следува по средбата во Вашингтон меѓу британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд и американскиот државен секретар Марко Рубио, каде што главна тема биле понатамошните чекори за поддршка на Украина и координацијата на притисокот врз Русија.








