ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Витлеем повторно блеска за Божиќ: Светлата се вклучија првпат по војната во Газа!

(ВИДЕО) Витлеем повторно блеска за Божиќ: Светлата се вклучија првпат по војната во Газа!
Kristal

По две години молк и страв, Витлеем се подготви да ја одбележи најубавата христијанска традиција – Божиќ. Децата, локалните жители и туристите застанаа пред Црквата на Христовото раѓање за да го видат симболот на надеж – џиновската божиќна елка, осветлена со шарени лампи и украсена со црвени и златни топки.

„Две лоши години без Божиќ, без работа, без туризам. Сега, конечно, враќаме радост во нашиот град“, рече градоначалникот Махер Канавати. Тој додаде дека враќањето на празничните прослави е симболично и за многу семејства во Газа, кои сè уште страдаат, но е „зрак на надеж за нас“.

Мештаните, христијани и муслимани, се фотографираа пред елката, а настанот го посетија и првите странски туристи. Хотелите, кои беа претежно празни во последните две години, сега очекуваат посетители од Израел, Европа и Америка.

Туристичкиот водич Хамза посочи дека медиумските известувања понекогаш создаваат чувство на опасност, но дека ситуацијата е безбедна: „Ова е туристички град, без туризам нема живот. Се надеваме дека луѓето ќе дојдат кај нас.“

Последните две години оставија тежок печат врз економијата на Витлеем. Невработеноста се зголеми, многу работници не можеа да влезат во Израел по војната од 2023 година, а Палестинската самоуправа исплати само половина од платите на државните службеници. И покрај тоа, жителите на Витлеем се надеваат на мир и на враќање на радоста и туристите на местото од каде што се верува дека потекнува Божиќ.

ВИДЕО

FixCredit
Escape