ПРВ.мк
Топ Вести

СТРОГИ МЕРКИ НА ПАТИШТАТА: Ќе има затвор и конфискација на возила - ова се новите правила!

СТРОГИ МЕРКИ НА ПАТИШТАТА: Ќе има затвор и конфискација на возила - ова се новите правила!
Kristal

Пратениците изгласаа серија законски измени кои ќе овозможат целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Меѓу нив се законите за возила, полиција, извршување санкции и безбедност во сообраќајот, додека измените во Законот за прекршоци сè уште се разгледуваат во второ читање. Дополнително, предвидени се и усогласувања во Кривичниот законик со цел новиот систем да работи беспрекорно.

Со новите правила, целиот процес е детално регулиран – од констатирањето на прекршокот до изрекувањето на најстрогите мерки. На пример, возачите кои трипати добијат забрана за управување со возило ќе останат без возачка дозвола, а непријавување на промена на телефонски број или е-маил во станиците за технички преглед ќе биде казнувано.

СМС и известувања по е-маил ќе ги известуваат сторителите на прекршоци, заедно со фотографија од прекршокот и записник. Доколку глобата се плати во рок од осум дена, таа ќе изнесува само половина од износот. Системот на негативни поени и регистрирање во возачките книшки е дополнително доуреден со новите законски измени.

Од 1 февруари, возачот што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, автоматски ја губи возачката дозвола и не може да полага испит најмалку една година. Судиите ќе ја известуваат МВР, а возачот добива СМС или е-маил за престанок на важноста на дозволата.

Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година, а информациите ќе бидат достапни и на граничните служби. За странци со странски возачки дозволи, забраната важи на територијата на земјава, со известување до граничната полиција.

Промени има и во Законот за возила – секој сопственик мора да ги ажурира податоците во рок од три дена по промена на телефон или е-маил, со глоба од 100 евра. Законот за безбедност во сообраќајот воведува и толеранција при мерењето на брзината, додека управување возило под дејство на дроги е строго забрането.

Новите правила го регулираат и работниот процес во автошколите, воведувајќи обука и стручен испит за инструкторите и контролорите. Исто така, се дефинирани „зони училиште“ и „зони 30“ за смирен сообраќај.

Измените во Кривичниот законик се однесуваат на сериозни прекршоци во сообраќајот. За тешки дела, судот е должен да изрече забрана за управување возило од шест месеци до десет години, а возилото може да се одземе ако сторителот претходно бил осуден за прекршоци.

Секоја акција како возење со алкохол над 1,5 промили, дрога, психотропни супстанции, или учество во недозволени трки ќе биде казнета со затвор од три месеци до три години и со парична казна. Ова важи и за оние што управуваат без положен возачки испит или со неважечка дозвола.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape