ПРВ.мк
Црна Хроника

21-годишен привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник

21-годишен привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник

Полициски службеници од СВР Скопје привеле 21-годишен скопјанец по инцидент во кој со мотоцикл удрил во полициски службеник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.М. од Скопје бил лишен од слобода на 5 октомври околу 19:30 часот на подрачјето на Гази Баба.

Тој се сомничи дека истиот ден, околу 13:40 часот, додека управувал мотоцикл, не застанал на даден знак за запирање од полицијата.

Во тој момент со мотоциклот удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Од МВР информираат дека случајот дополнително ќе биде документиран, по што против 21-годишниот скопјанец ќе биде поднесен соодветен поднесок.