ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент на охридското крајбрежје: Камп-приколка во пламен, има повредени

Инцидент на охридското крајбрежје: Камп-приколка во пламен, има повредени

Двајца мажи се повредени при обид да изгаснат пожар кој избувнал во камп-приколка во авто-камп на охридското крајбрежје.

Според информациите од полицијата, пожарот бил пријавен на 4 октомври околу 22:35 часот во СВР Охрид.

Горела камп-приколка во сопственост на 44-годишен маж од Скопје.

При обидот огнот да биде изгаснат со противпожарни апарати, со повреди се здобиле двајца мажи – З.К. од Охрид и И.Ж. (32) од Битола.

Повредените биле пренесени во Општата болница во Охрид, каде им била укажана медицинска помош.

По овластување на јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.