ПРВ.мк
Црна Хроника

Влегол во куќата и пукал кон сопругата – куршумот ѝ поминал покрај главата

Влегол во куќата и пукал кон сопругата – куршумот ѝ поминал покрај главата

На Жупанискиот суд во Загреб започна судењето на 57-годишниот Роко Гаши, кој е обвинет за обид за тешко убиство на својата сопруга.

Според обвинението, инцидентот се случил на 17 април во Сесвете, иако на обвинетиот со правосилна судска одлука му било забрането да ѝ се приближува на сопругата на помалку од 100 метри.

Обвинителството тврди дека Гаши вооружен со пиштол влегол во куќата, ѝ го одзел мобилниот телефон на жената и ја принудил да седне на стол.

Потоа, од растојание од неколку метри, наводно го насочил оружјето кон неа и испукал куршум кој поминал непосредно покрај нејзината глава и завршил во ѕидот.

Веднаш потоа бил испукан и втор куршум, кој завршил во комода.

Во критичниот момент во куќата влегле полициски службеници и го привеле 57-годишникот.

Полицијата била повикана благодарение на снаата на жртвата, со која таа разговарала непосредно пред обвинетиот да ѝ го одземе телефонот. Жената успеала да ѝ каже веднаш да ја извести полицијата.

На почетокот од судењето Гаши изјавил дека разбира за што е обвинет, но дека не се чувствува виновен.

Неговиот адвокат во целост го оспорил обвинението. Во продолжение на постапката треба да бидат сослушани четворица сведоци, како и да бидат презентирани резултати од биолошко, дактилоскопско и балистичко вештачење.

Обвинетиот во текот на истрагата се бранел со молчење, а по инцидентот кај него биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.

Жртвата, пак, во текот на истрагата изјавила дека со години трпела насилство, но се плашела да го пријави.