ПРВ.мк
Црна Хроника

Осуденичка на смрт се разбудила по неуспешна егзекуција – адвокатите зборуваат за медицински преседан

Осуденичка на смрт се разбудила по неуспешна егзекуција – адвокатите зборуваат за медицински преседан

Педесетгодишната Криста Пајк, осудена на смрт во американската сојузна држава Тенеси, се разбудила од кома откако преживеала неуспешен обид за егзекуција со смртоносна инјекција, соопштиле нејзините адвокати.

Според американските медиуми, Пајк била пренесена во болница на 30 септември, откако во затворот со максимална безбедност „Ривербенд“ во Нешвил не успеала постапката за извршување на смртната казна.

Во текот на обидот за егзекуција, наводно ѝ биле дадени две дози од пентобарбитал, но таа преживеала и подоцна паднала во кома.

Нејзините адвокати сега соопштија дека Пајк е свесна, комуницира и сè уште се наоѓа под интензивен медицински надзор.

Тие нејзиното закрепнување го опишаа како медицински преседан, но истовремено нагласија дека прогнозата сè уште е неизвесна и дека се очекува долг период на закрепнување.

Според адвокатите, Пајк и понатаму е врзана со лисици за болничкиот кревет, иако има сериозни повреди на рацете.

Тие им се заблагодариле на медицинските екипи и службите за итна помош за грижата што ѝ ја пружиле по неуспешната егзекуција.

Криста Пајк била осудена на смрт поради убиството на нејзината 19-годишна соученичка Колин Слемер во јануари 1995 година.

Во времето кога било извршено убиството, Пајк имала 18 години.