ПРВ.мк
Црна Хроника

Му се слошило додека судел натпревар – почина млад судија

Му се слошило додека судел натпревар – почина млад судија

Тажна вест ја потресе кошаркарската јавност во Црна Гора, откако на само 22-годишна возраст почина младиот кошаркарски судија Бранко Ш. од Котор.

На младиот арбитер ненадејно му се слошило додека судел пријателски натпревар меѓу екипите на Теодо и Вукови во Тиват.

Според информациите објавени во црногорските медиуми, прв на помош му притрчал физиотерапевтот на Теодо, Борис Кнежевиќ, кој му укажувал прва помош до пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош.

Бранко веднаш бил пренесен во Општата болница во Котор, каде лекарите се обиделе да му го спасат животот, но нивните напори, за жал, не дале резултат.

Младиот судија бил дел од новата генерација кошаркарски арбитри во Црна Гора и ја градел својата кариера под закрила на Кошаркарскиот сојуз на земјата.

Тој се наоѓал и на листата судии за домашните кошаркарски натпреварувања.

Неговата ненадејна смрт предизвика голема тага и шок кај неговото семејство, пријателите, колегите и пошироката кошаркарска јавност во Црна Гора.