Попладнево се случила сообраќајна несреќа во непосредна близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје, каде се судриле приватен градски автобус и велосипед.
Несреќата се случила на раскрсницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“. Според фотографиите од местото, велосипедот завршил под предното десно тркало на автобусот.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на велосипедистот.
На местото на несреќата се присутни полициски екипи, кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои дошло до судирот.
Поради несреќата, сообраќајот е отежнат, а застој има на дел од коловозните ленти кои водат од булеварот „Крсте Мисирков“ кон булеварот „Гоце Делчев“.







