ПРВ.мк
Црна Хроника

Пријава за насилство: Жена ја нападнала 19-годишната ќерка, а пријавено и малтретирање на бебе

Пријава за насилство: Жена ја нападнала 19-годишната ќерка, а пријавено и малтретирање на бебе

Полицијата во Тетово привела 35-годишна жена откако била пријавена дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка, објави Скопје1.мк.

Според информациите, на 5 октомври околу 23:40 часот полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода З.М. од Тетово.

Случајот бил пријавен од нејзината 19-годишна ќерка, која навела дека мајка ѝ физички ја нападнала.

Во пријавата девојката дополнително посочила дека нејзината мајка го запоставувала и малтретирала своето десетмесечно бебе.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, кои треба да преземат понатамошни активности согласно своите надлежности.

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека по целосно документирање на случајот, против 35-годишната жена ќе бидат поднесени соодветни пријави.