Двајца осуденици се степале во амбулантното одделение на затворот „Идризово“, при што едниот бил повреден со остар предмет и пренесен на Клиниките во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 5 октомври околу 19:45 часот.
Физичката пресметка се случила нешто порано, околу 18:35 часот, во амбулантното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“.
Во тепачката учествувале М.М. (28) од скопско и Р.Е. (41) од Битола.
Според МВР, 41-годишниот Р.Е. употребил остар предмет и му нанел повреда на М.М.
Повредениот веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.
Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







