Страшна несреќа ја потресе македонската јавност, откако стана познато дека 54-годишен возач од Тетово, роден во Хрватска, го загубил животот во силен судир меѓу два камиона на автопатот А21 во Италија. Информацијата ја објави албанскиот портал „Журнал“, а трагедијата се случила вчера околу 13 часот, на 186. километар од делницата помеѓу Пјаченца и Кремона, во близина на местото Кастелветро, во областа Ла Вила.
Животот го изгубил Гзим Даути, кој управувал еден од камионите што се судриле, откако неговото возило со силен удар се забило во задниот дел на друг камион што се движел пред него. Од ударот, тој останал заробен во возачката кабина.
На местото веднаш пристигнале две амбулантни екипи, како и хеликоптер за итни случаи од Парма, во обид што побрзо да се извлече и згрижи повредениот возач. Паралелно интервенирале и пожарникари од Кремона и Фиоренцуола, кои со специјална опрема се обиделе да го извадат Даути од смалената кабина.
И покрај брзата реакција и обемните обиди за реанимација, лекарите морале да ја констатираат смртта на местото на несреќата, бидејќи повредите биле премногу сериозни.
Сообраќајната полиција од Кремона започна детална реконструкција на настанот, за да се утврди точната динамика и причините што довеле до фаталниот судир.
















