ПРВ.мк
Македонија

Клиника Жан Митрев со промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Клиника Жан Митрев со промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Намалувањето на коскената густина често се одвива тивко и без забележливи симптоми, поради што навремената проверка на здравјето на коските има особено значење во превенцијата на остеопорозата и нејзините последици.

Ова особено се однесува на жените кои се во менопауза, а многу често го занемаруваат овој важен преглед. По повод Светскиот ден на остеопорозата, кој се одбележува на 20 октомври, во Клиника Жан Митрев е достапна остеодензитометрија по промотивна цена од 2.500 денари.

Остеодензитометријата, позната и како DEXA scan, претставува брз, безболен и неинвазивен преглед со кој се мери минералната густина на коските. Најчесто се испитуваат колкот и лумбалниот дел од 'рбетот, а добиените резултати му овозможуваат на лекарот да процени дали постои намалена коскена густина и дали е потребно понатамошно следење или третман.

Навременото откривање на промените во коскената густина е важен чекор во грижата за коскеното здравје, особено затоа што остеопорозата може подолг период да се развива без симптоми, сè до појава на посериозни проблеми или фрактури. Промотивната понуда е дел од активностите на Клиника Жан Митрев во текот на октомври.

Останатите промоции за месецот се достапни на официјалната веб-страница на клиниката: https://zmc. mk/mesec-na-zensko-zdravje/