ПРВ.мк
Македонија

ДРОГА ОТКРИЕНА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“: При претрес на осуденик пронајдени 27 пакувања марихуана!

ДРОГА ОТКРИЕНА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“: При претрес на осуденик пронајдени 27 пакувања марихуана!

Нова заплена на дрога е регистрирана во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што при претрес на осуденик биле откриени десетици пакувања со марихуана.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август околу 15:10 часот во СВР Скопје од страна на затворската управа.

Како што соопштуваат од МВР, околу 13:10 часот, при извршен претрес кај 29-годишниот осуденик З.И. од Скопје, биле пронајдени и одземени вкупно 27 пакувања со марихуана.

Запленетата дрога е одземена, а надлежните институции преземаат понатамошни активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу тоа како наркотичната супстанца завршила во затворот.

По завршување на постапката и целосното документирање на случајот, против осуденикот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно законските прописи.